
Ги загрева стапалата и при најниска температура: Стар руски трик за топли нозе и подобра циркулација
Постои едноставно решение, стар руски трик што некогаш го користеле руските војници, а кој ќе ви помогне да ги загреете стапалата, дури и кога надвор е многу студено. Станува збор за домашна „изолација“ за чевли.
Препорачано
Најпрво важно е да не носите тесни чевли или чизми во зима, би било идеално да бидат за половина број поголеми. Кога вашите стапала немаат простор за „дишење“, односно кога чевлите ви се зстегнати, циркулацијата на крвта е отежната и воздушниот слој исчезнува.
Друга важна ставка што треба да се има на ум е вашите стапала да бидат суви за да не замрзнуваат, што значи дека не треба да се потат. Затоа пред да ги облечете чевлите, нанесете антиперспирант на двете стапала на тој начин тие ќе останат суви. Исто така, во повеќето продавници за чевли ќе најдете водоотпорен спреј кој ги штити чевлите и чизмите од вода, влага, нечистотија и снег, вреди да се инвестира и во него.
А тука е руската воена метода која е лесна, брза и евтина и со која нема зима, а докажано е дека „функционира“.
Имено, под оригиналната влошка од чизми, потребно е да се додаде уште една, онаа направена од кујнска алуминиумска фолија. Оригиналната влошка ставете ја врз фолијата направете копија, а потоа исечете ја.
Главната работа е да ја ставите влошката на фолијата под вистинската, бидејќи фолијата треба да го изолира студот што доаѓа од ѓонот. Ако го направите обратно, може да дојде до кондензација, па стапалата ќе ви се потат, пишува „Крстарица“.
Уште подобар совет е да ја замените оригиналната влошка со нова – филц. Ова ќе го комплетира овој трик, дури и ако тоа не е задолжителен чекор.