Фото: Facebook / ZafirHadzimanov

Ни ги подари евергрините „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“: Пред 4 години нѐ напушти Зафир Хаџиманов

На денешен ден, пред 4 години во Белград, почина нашиот легендарен пејач и композитор Зафир Хаџиманов како последица од коронавирус.

Зафир Хаџиманов македонски пејач, композитор, глумец и поет е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци, каде го поминал своето детство. Неогвиот татко Васил е прв од семејството Хаџиманови кој својот животен век го посветил на фолклористиката, а зад себе оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Хаџиманов дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Хаџиманов ги испеал познатите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“, а во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Глумел во неколку филмови меѓу кои и „Македонска крвава свадба“ толкувајќи ја главната улога на филмот Спасе. Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија.

Автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик.

Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!