Фото: Слободен печат

Гест за пофалба: Тетовски ученици со средства кои ги собраа од неколку акции опремија три соби во Клиничката болница во Тетово

Средношколци од Тетово преку програмата „Промоција на хумани вредности“, која меѓу другото ги истражуваше проблемите со кои се среќава тетовската болница, обновија три соби на детското одделение во Клиничката болница во Тетово. Средношколците кои ги собраа средствата преку организирање на неколку акции, се волонтери на Црвениот крст Тетово, а целата акција ја спроведоа под менторство на инструктор од Црвениот крст во Тетово.

„Учениците волонтери купија боја и ги бојадисаа ходниците, 3 соби во детското одделение и чекалната, набавија постелнина, завеси, 5 инхалатори и две ваги за мерење, едната за мерење бебиња, а втората за возрасни. Средствата потребни за реализација на сé ова што го направија ги обезбедија преку организирање 3 работилници, на три локации во центарот на градот имаа штандови на кои продаваа разни предмети кои ги направија сами или со помош на нивните мајки, организираа кино претстава, цртаа и продаваа слики, обезбедија и неколку донатори и така успеаја да го реализираат сето ова“, изјави Ливерта Арслани, инструктор во Црвениот крст во Тетово.

Инаку во програмата „Промоција на хумани вредности“ се вклучени триесет средношколци од Тетово, кои се поделени во неколку групи, а меѓу другото помагаат и на социјално загрозени семејства и деца со попреченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот