EPA-EFE/DAVID HECKER

Германскиот гигант се наоѓа пред банкрот, големото дерби викендов им е сламката на спасот

Борусија Дортмунд во сабота го пречекува Шалке во големото Рурско дерби, но додека „милионерите“ се радуваат на овој натпревар, на гостите од Гелзенкирхен им виси опстанокот на клубот.

По пауза од два месеци, Бундеслигата овој викенд се враќа на голема врата и тоа со „највоинственото“ дерби во германскиот фудбал, Борусија Дортмунд – Шалке.

„Милионерите“ нема да можат да сметаат на поддршката од жолтиот ѕид бидејќи сите натпревари ќе се играат пред празни трибини, но тоа е минимален проблем во однос на грижите кои ги имаат во Шалке.

Тимот од Гензелкирхен се соочува со банкрот, 2019 година ја завршија со долгови од дури 200 милиони евра, а згора на тоа оваа сезона „ги стигна“ и коронавирусот кој донесе прекин на првенството.

Фудбалерите се согласија на намалување на платите за 15 проценти, а потоа и на дополнителни 15 проценти кои подоцна би им биде вратени, а Шалке го згасна кошаркарскиот клуб кој се натпреваруваше во втората лига.

Според студијата на факултетот за менаџмент во Лајпциг и консултантската компанија „Odgers Berndtson“, Шалке е најголемото име од 36. екипи кои играат во Бундеслкигата и во Цвајта, кое ќе се најде во сериозни финансиски проблеми поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Како една од главните причини зашто Шалке се наоѓа пред банкрот е бидејќи тие се еден од петте бундеслигаши кои фудбалската секција не ја одвоија од спортското друштво. Поради тоа, како што пишува „Дојче Веле“, Шалке е многу повеќе од другите германски екипи, зависен од ТВ правата, трансферите и учеството во европските купови.

Голема вина за катастрофалната финансиска состојба има и во лошата трансфер политика. Иако се свесни дека зависат од трансферите, управата на Шалке во последните 10-15 години дозволи без никакво обесштетување да си заминат играчи како Мануел Ноер, Леон Горецка, Жоел Матип, Макс Маер, Сеад Колашинац кои доколку беа продадени ќе ја наполнеа касата до врв.

Но, тие си заминаа бесплатно поради тврдоглавоста на управата која не сакаше да ги продаде своите фудбалери кога тие одбиваа да потпишат нови договори.

Токму затоа во Шалке со нетрпение го очекуваат продолжението на Бундеслигата каде по 25. кола се наоѓаат на шестото место со 37 бодови и со реални шанси да обезбедат учество во европските купови во наредната сезона.

– Се зависи од тоа кога ќе почнеме да заработуваме пари, а тоа значи кога ќе почнеме да играме фудбал. На клубот му се заканува економска ситуација која може да го загрози неговото постоење. Во овие моменти како никогаш порано сме зависни од спонзорите и заработката од натпреварите – вели финансискиот директор на Шалке, Петер Петерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!