Фото: Слободен печат

Германски државјанин со нож ранил две деца-питачи во Куманово

28-годишен државјанин на Германија вчера нападнал две деца кои питачеле на улица во Куманово, нанесувајќи им повреди со остар предмет, соопшти МВР.

„На 08.10.2024 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.К.Б.(28) од Сојузна Република Германија затоа што на улица „Доне Божинов“ во Куманово со остар предмет нападнал двајца малолетници додека питачеле, кои се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово“, велат од МВР.

Насилникот бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот