Олаф Шолц/ Фото EPA-EFE/JOERG CARSTENSEN / POOL

Германија одби да го прекине увозот на нафта и гас од Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц одби да го прекине увозот на енергенси од Русија, со оправдување дека нафтата и гасот се од голема важност за европската економија.

Додека Европската унија се обидува да најде алтернативно решение за енергенсите кои ги добива од Русија, Германија реши да не ја поддржи идејата за запирање на истите.

„Ќе продолжиме со активностите и увозот на нафта и гас од Русија“, кажа Шолц.

Ова е еден удар на идејата да се воведат санкции за руската нафта и гас, со што сакаат да го притиснат претседателот Владимир Путин, меѓутоа Германија не ја поддржува идејата.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот