Германски пасош/ Фото: EPA/MATTHIAS BALK

Германците фрустрирани, чекаат до осум недели за да извадат пасош

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека има проблеми во официјалните печатачи и дека има нагло зголемување на бројот на барања за пасоши од почетокот на годинава

Долгите доцнења во издавањето пасоши со почетокот на сезоната на годишни одмори предизвикуваат фрустрации, соопшти денеска здружение кое ги претставува германските градови, јави ДПА.

-Има турканици и немири во одделите за пасоши и лични документи. Во моментов се потребни до осум недели за да се испорачаат пасошите, додека вообичаено тоа трае само две или три седмици – изјави денеска шефот на здружението Хелмут Деди.

Како одговор на барање на ДПА, германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека има проблеми во официјалните печатачи и дека има нагло зголемување на бројот на барања за пасоши од почетокот на годинава.

-Првпат многу повеќе од 600.000 пасоши беа нарачани во рок од четири недели, рече портпаролката на германското МВР. Официјалните печатачи беа во процес на набавка на нова механизација – додаде таа.

Во меѓувреме, градските власти можат да издаваат привремени пасоши кои важат за повеќето земји, а потоа да се вратат откако ќе се добие редовниот пасош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот