
Германците експресно реагираа: Тен Хаг доби отказ по две кола
Епизодата на Ерик Тен Хаг во германската Бундеслига заврши многу побрзо од очекуваното. Холандскиот стратег денеска доби отказ од Баер Леверкузен, иако сезоната едвај што започна и се одиграни само две кола.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Раководството на клубот ја донесе оваа одлука поради слабите резултати и нарушената атмосфера во тимот. Леверкузен уште од подготовките не изгледаше убедливо, а слабата форма се пренесе и на официјалните натпревари.
Во првото коло „фармацевтите“ беа поразени на домашен терен од Хофенхајм, додека во второто коло не успеаа да задржат предност од 3-1 против Вердер Бремен, иако играа со фудбалер повеќе, дозволувајќи натпреварот да заврши нерешено 3-3.
Според германските медиуми, покрај резултатите, клучен фактор за отказот било и внатрешното незадоволство во соблекувалната, предизвикано од методите и пристапот на Тен Хаг. Ваквата комбинација на околности го натера клубот брзо да ја прекине соработката со холандскиот стручњак.
🚨 EXCLUSIVE: Erik ten Hag has just been SACKED by Bayer Leverkusen.
Decision made by the club’s hierarchy this morning and manager informed right now. pic.twitter.com/WjraNnhntA
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2025