Фото: Општина Центар

Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попуст за спортски и културни настани, во продавници и локали

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер најави дека се воведува „Центарска картичка“ за жителите на Центар, со која ќе добиваат попусти за културни и спортски настани, пазарење во локални продавници и посета на одредени локали и културни институции.

Во план е изградба и на нова градинка во близина на Клиничкиот центар.

„Станува збор за модерна и урбана градинка, која по изглед и функционалност ќе наликува на „Пролет“. Инвестициите во најмладите остануваат приоритет. Планираме и еден поголем капитален проект за повозрасните жители , а тоа е изградба на дом за стари лица во општината, нешто што со години се бара, а го нема во градот. Секојдневно слушаме колку се високи трошоците за сместување во приватни домови, а и тоа што го читаме покажува дека голем дел од нашите постари сограѓани не се задоволни од условите и третманот“, изјави Герасимовски.

Тој додаде дека за најмладите се воведува нова мерка – бесплатен здрав оброк за учениците од прво до четврто одделение, а за учениците од петто до деветто одделение се планираат бесплатни екскурзии низ Македонија, за да ја запознаат убавината на нашата земја.

„Овие проекти се дел од нашата програма што ја пишуваме веќе четири години, заедно со граѓаните. Се работи за голем број капитални инвестиции, меѓу кои и зголемувањето на капацитетите за паркирање, што е еден од најприоритетните и најчесто спомнувани проблеми во сите анкети и истражувања. Планираме наскоро да започнеме со решавање и на тој предизвик“, додаде Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот