Фото: Фејсбук/Горан Герасимовски

Герасимовски: Примени првите практиканти за работа во општинската администрација, од јули ќе има нов повик

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со студентите кои успешно ја поминаа селекцијата и започнаа со практична работа во општинската администрација.

„Добредојдовте во Општина Центар. Ова не е само формалност, туку вистинска можност да бидете дел од реалните институционални процеси и да стекнете практично знаење. Стара вистина е дека еден грам искуство вреди повеќе од тон теорија , затоа искористете ја шансата, вклучете се и активно градете ја вашата кариера и иднина”, им порача Герасимовски на младите практиканти.

На првиот јавен повик примени се вкупно четворица практиканти – двајца во одделението за ИТ, еден во финансии и еден во јавни набавки. Практикантите ќе бидат ангажирани четири часа дневно во период од шест месеци, со месечен надомест од 15.000 денари. По завршувањето, секој студент ќе добие официјална потврда за реализирана практична работа во рамки на локалната самоуправа.

Дополнително, од 1 јули ќе биде објавен нов оглас за практиканти, со посебен фокус на студенти од градежен, архитектонски и правен факултет.

Општина Центар останува посветена на поддршката на младите преку создавање можности за практична обука, стекнување професионални компетенции и поврзување со јавниот сектор. Целта е изградба на генерации што ќе бидат подготвени и конкурентни на пазарот на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот