
Генк е првиот ривал на Ренџерс и Миовски во Лигата на Европа
Денеска продолжуваат натпреварите од првото коло во Лигата на Европа, а денеска од 21.00 часот на „Иброкс“ стадионот фудбалерите на Ренџерс ќе го пречекаат белгискиот Генк.
Препорачано
Ова лето како ново засилување пристигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој треба да биде еден од главните напаѓачи на тимот.
Миовски својот прв гол за клубот го имаше во шкотскиот Лига куп против Хибернијан за пласман во полуфиналето.
– Има големи натпревари и тешки противници, едвај го чекаме предизвикот. Играчите што се тука и имаат искуство од европскиот фудбал, веќе тоа го почувствувале, што дефинитивно ќе можат да им помогнат на другите фудбалери да го препознаат тоа и што може да биде постигнато – рече тренерот на Ренџерс, Расел Мартин, пред денешниот меч со Генк.
Лига Европа
Четврток, 1. коло
18.45 часот
Го Ахед Иглс – ФЦСБ
Лил – Бран
21.00 часот
Астон Вила – Болоња
Ференцварош – Плзен
Ренџерс – Генк
Салцбург – Порто
Штутгарт – Селта Виго
Утрехт – Лион
Јанг Бојс – Панатинаикос
Европа: Динамо го победи Фенер, Рoма славеше во Ница, реми во Андалусија
Back for more 🍿#UEL pic.twitter.com/6afXpzQmJh
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) September 25, 2025