Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!
Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо, е сериозен фаворит за нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Препорачано
Според информациите на „Скај Спорт Италија“ Фудбалскиот сојуз на Италија најголем фокус ставил токму на Гатузо, кој како играч беше дел од славната генерација што во 2006 година ја освои светската титула на Мундијалот во Германија.
Покрај него, како можни решенија се споменуваат и други реномирани имиња како Роберто Манчини, Даниеле де Роси и Фабио Канаваро, откако денеска Клаудио Раниери официјално ја одби понудата да го преземе кормилото на националниот тим.
Меѓу кандидатите беше и поранешниот стратег на Милан, Стефано Пиоли, но според последните информации, тој веќе има договор со Фиорентина и најверојатно ќе се врати на клупско ниво.
Фудбалската федерација активно бара нов селектор, откако Лучано Спалети доби отказ. Тој последен пат ја водеше „аѕурите“ во вчерашниот против Молдавија во квалификациите за Светското првенство 2026.
Гатузо неодамна ја заврши својата епизода на клупата на Хајдук Сплит, заминувајќи една година пред истекот на договорот. Во својата тренерска кариера водеше неколку клубови, меѓу кои Пиза, Милан, Наполи и Олимпик Марсеј, а сега би можел да го добие предизвикот од национален карактер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
26мин
-
33мин
-
37мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5