Џенаро Гатузо/фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Италијанската фудбалска федерација официјално го потврди назначувањето на Џенаро Гатузо за селектор на најдобрата репрезентација на Италија.

Италијанците одлучија да му ја доверат позицијата на својот поранешен играч од средниот ред по отпуштањето на Лучијано Спалети претходно овој месец.

Италија претрпе шокантен пораз од Норвешка во квалификациите за Светското првенство 2026, што го забрза заминувањето на Спалети по две години на чело на репрезентацијата.

Според извештаите во италијанскиот печат, Клаудио Раниери беше првиот избор за позицијата. Сепак, откако тој ја одби понудата, па федерацијата се одлучи за Гатузо.

Иако деталите од неговиот договор не се познати, „Гаѕета дело Спорт“ објави дека поранешниот играч на Милан потпиша едногодишен договор со опција за продолжување за уште една година доколку Италија се квалификува на следното СП.

Гатузо последниот тренерски ангажман го имаше во хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Неговиот прв натпревар како нов селектор на Италија ќе биде годинава дома против Естонија на 5 септември во рамките од мундијалските квалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот