
Гатузо: Италија има квалитет за пласман на Светското првенство во 2026 година
Новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, денеска изјави дека тимот има сè што е потребно за да се квалификува за Светското првенство во 2026 година и дека за време на неговиот престој во репрезентацијата ќе зборува помалку, а ќе прави повеќе.
Препорачано
– Дресот на репрезентацијата е тежок, но зборот „страв“ не смее да постои. Имаме тим кој е доволно добар за да се квалификува на Светското првенство. Треба да го вратиме ентузијазмот и желбата да бидеме обединети во тешки моменти. Имам јасна претстава што треба да направам, треба да го вратиме ентузијазмот и да не размислуваме негативно – рече Гатузо на прес-конференцијата каде што беше претставен како нов селектор на Италија.
Тој го замени Лучијано Спалети на клупата, кој го напушти тимот по лошиот почеток на квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Италија загуби од Норвешка со 3:0 во првото коло, а во второто ја победи Молдавија со 2:0.
Задачата на Гатузо е да ја однесе репрезентацијата на Италија на СП во САД, Канада и Мексико, откако ги пропушти претходните два Мундијали во Русија и Катар.
– Враќањето на Светското првенство е фундаментално за нашето фудбалско движење. Ме чека тешка работа, но ништо во животот не е лесно. Често слушам луѓе како велат дека на нашиот фудбал му недостасува талент, но играчите се тука, мора да ги ставиме во услови да го дадат својот максимум – вели Гатузо.
Гатузо го напушти Хајдук од Сплит на крајот од сезоната, една година пред да му истече договорот.