Гастрономско ужување од вештите раце на Бобе Јанкоска: Печени ќофтиња од тиквички

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mkфејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – печени ќофтиња од тиквички.

– Овие печени ќофтиња се сочни и полни со пролетни вкусови, а брзи и лесни за подготовка – вели Бобе.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 2 тиквички
  • 2 јајца
  • 3 големи лажици брашно
  • 3 чешњина лук
  • пола китка магдонос сечкан
  • лажичка зачинал
  • сол по желба
  • бибер по желба

Подготовка:

Тиквичките излупени се рендаат, се посолуваат и се ставаат во цедалка да се исцедат. Јајцата се матат, потоа во нив се додаваат ренданите исцедени тиквички, брашното, лукчето пасирано/рендано и магдоносот.

Се зачинува по вкус и се меша сè заедно. Во тепсија на мрсна хартија се става по една голема лажица од смесата, со растојание меѓу нив, па се ставаат да се печат 15 – 20 минути, во загреана рерна на 220 Ц.

Јас ги послужив со сос. Во длабок сад се мешаат 4 лажици кисела павлака, 2 лажици мајонез, исечкани на ситни коцки 3 кисели краставички или едно цвекло конзервирано.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот