Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Палачинки

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Фото: Приватна архива

Бобе денеска споделува рецепт за најомилениот деликатес: палачинки.

– Има ли нешто поубаво од мирисот на свежо испечени палачинки што се шири низ домот рано наутро. Тоа е мирис што буди спомени, повикува на маса и ги поврзува генерациите. Во оваа верзија ви го пренесуваме рецептот што баба ми го правеше во неделните утра, секогаш послужен со домашен џем од кајсии – вели Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки (за околу 12-15 тенки палачинки):

– 2 јајца
– 300 мл млеко
– 300 мл минерална вода/вода
– 200 г брашно
– прстофат сол
– 2 лажица масло (за тестото)
– масло за подмачкување на тавата кога се пржат

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во длабок сад, изматете ги јајцата со прстофат сол.
Додајте го млекото и водата, па матејќи постојано додавајте го брашното за да не се создадат грутки. Смесата треба да биде течна, но не премногу водена – како јогурт.
Загрејте ја тавата за палачинки, премачкајте ја со неколку капки масло. Една црталка од смесата сипете и рамномерно распоредете ја низ тавата.
Пржете околу една минута од едната страна, или додека не добие златна боја, потоа превртете од другата страна.

За послужување:

Намачкајте ја секоја палачинка со домашен џем од кајсии – сладок и малку киселкав. Палачинките се виткаат лесно, како спомени што ги складираме во срцето.
Понекогаш, вистинската среќа се крие во наједноставните нешта – како мирисот на палачинки и едно тегличе домашен џем.
На здравје сладење!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот