
Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Компот од дуњи, јаболка и брусницa
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бобе денеска споделува рецепт за зимски деликатес – компот од дуњи, јаболка и брусници.
„Неодолив и ароматичен компот од дуњи, јаболка и брусница. Целиот дом се исполни со прекрасниот мирис од миксот на овошја, а се надополни со доминантната арома од каранфилчето“, вели Бобе.

Состојки за компот:
– 2 дуњи
– 2 јаболка
– 100 грам сува брусница
– неколку суви каранфилчиња
– литар вода
– 4 лажици кафеав шеќер (по желба)

Подготовка:
Во тенџере се загрева водата и шеќерот до зовривање, потоа се намалува температурата на умерена и се додаваат измиени, излупени и исечкани на коцки дуњите и јаболката, па се додаваат брусниците и неколку каранфилчиња (по ваш вкус).
Сето тоа се остава да се вари 15 минути.
Компотот се служи топол или изладен во фрижидер.
Ние го консумираме топол со потпечени лепчиња намачкани со путер и сирење.
На здравје!
