Фото: Pexels/marianna-ole

Гастроентеролог ви предлага три вида леб што нема да ви предизвикаат надуеност

Лебот е омилен на многумина, но за некои луѓе може да стане извор на дигестивни проблеми, односно на проблеми со варењето. Гастроентерологот д-р Џозеф Салхаб открива алтернативи кои не предизвикуваат надуеност.

Од сендвичи до крцкави тостови, тешко е да се замисли оброк без леб. Меѓутоа, кај некои луѓе лебот може да предизвика непријатна надуеност и проблеми со варењето.

Честа причина е чувствителноста на глутен или на пченица, што може да предизвика стрес на дигестивниот систем и да доведе до гасови, надуеност, а понекогаш и болки во стомакот.

Ако сте еден од оние кои се чувствуваат подуени по секој залак леб, гастроентерологот д-р Џозеф Салхаб, попознат на социјалните мрежи како Stomach Doc, открива три одлични алтернативи.

Леб од цело зрно

Како што наведува „Хафингтон пост“, на листата на д-р Салхаб се наоѓа лебот направен од цели зрна на кои им е дозволено да никнат пред да станат брашно. Овој процес може да помогне во разградувањето на глутенот и FODMAP, кои се вообичаени виновници за надуеност.

За разлика од класичниот бел леб, кој се прави од рафинирано брашно, за овој леб се користат цели зрна, што го олеснува варењето.

„Овој леб може полесно да се вари, бидејќи неговите микроби го намалуваат количеството на супстанциите кои предизвикуваат надуеност“, објаснува д-р Салхаб.

Леб од ленено семе

Лебот од ленено семе е одлична алтернатива за секој што сака да добие повеќе влакна и омега-3 масни киселини без да ги трпи ефектите од надуеност.

Овој леб можеби е малку потешко да се најде во продавниците, но лесно можете да го направите дома користејќи мелено ленено семе.

„Лененото семе има многу придобивки, вклучително и подобрување на варењето, а лебот направен од нив нема да ги предизвика истите проблеми како обичниот леб од пченица“, додава д-р Салхаб.

Леб од кисело тесто

Лебот од кисело тесто стана многу популарен во последните години, а една од главните причини е што полесно се вари.

Овој леб се подготвува со ферментирање на тестото со природни квасци и бактерии од млечна киселина, што помага во разградување на глутенот и фруктаните – состојки кои често предизвикуваат надуеност.

Иако овие алтернативи на леб можат да ги намалат симптомите на надуеност, важно е да се напомене дека не го елиминираат целосно глутенот, па затоа не се поволни за лица со целијакија или тешка алергија на глутен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот