фото: ffm.mk

Гаштаров пред дуелите со Полска и Италија: Имаме квалитет и мотив да одиграме најдобро

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година предводена од селекторот Горан Станиќ ги започна подготовките за новиот квалификациски циклус.

Нашата селекција квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 го започнува со гостување во Полска на 5 септември, а потоа на 9 септември во Битола ќе ја пречекаме Италија во рамките од групата Е.

Играчите на Станиќ во првите две кола ќе се соочат со фаворитите во групата, што за нас е само дополнителна мотивација.

Младите надежи на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје го одработија првиот тренинг.

– Нормално е да се надеваме на големи работи и борба за првите места на табелата. Имаме голем предизвик пред себе, играме против две многу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија. Ние, од друга страна, како генерација имаме многу квалитет и голем мотив да одиграме најдобро. Одлично се подготвуваме и секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим, што е многу важно за тимскиот дух. На тренинзите и на натпреварите се чувствува сплотеност и желба, а тоа многу значи. Одиме да се надигруваме со сите, одиме да победуваме и да им донесеме радост на навивачите – изјави македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров.

Горан Станиќ повика 23 фудбалери за натпреварите со Полска и Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!