Африм Гаши / Фото: Фејсбук

Гаши на терен во општините, не е кампања

Претседателот на Собранието Африм Гаши и пратеници од утре ќе се растрчаат по општините за да ги сензибилизираат граѓаните активно да ги посетуваат пратеничките канцеларии и да бараат одговор од народните избраници, но и за да се зголеми бројот на отворени канцеларии по општините.

Прва општина која Гаши ќе ја посети е Гостивар, но тој вели дека не станува збор за кампања пред локалните избори.

-Канцелариите на пратениците во општините е одредба или процес на кој сме многу посветени. До минатиот месец беа 25 канцеларии, овој месец се отворија уште седум. Од утре ние ќе почнеме да ги посетуваме сите општини, да сензибилизираме и да помогнеме да се зголеми бројот на отворени канцеларии по општини. Мислиме дека тоа е многу битно за граѓаните, за пратениците, за непосредниот контакт што треба да го имаат граѓаните. Не сите граѓани имаат можност да дојдат во Скопје, во Собранието да ги потпрашуваат пратениците и затоа можат во своите општини во тие канцеларии да ги сретнат пратениците и да се интересираат за своите потреби и прашања кои ги имаат – рече Гаши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот