
„Гардијан“: Брегзит ги остави пациентите со рак без животоспасувачки лекови
Пациентите со рак во Британија не добиваат животоспасувачки лекови и клиничките тестирања на револуционерните третмани се успорени поради излегувањето од ЕУ – Брегзит, извести „Гардијан“.
Препорачано
Пет години откако Обединетото Кралство излезе од ЕУ, анализа заклучува дека додека пациентите ширум Европа имаат бенефит од златното време на пионерски истражувања и нови третмани, Британците што боледуваат од карцином „изгубија“ благодарение на високите цени и излезот од ЕУ.
Брегзит ѝ наштети на практичната можност докторите да им понудат на пациентите животоспасувачки нови лекови преку интернационални клинички студии, според извештајот на 54 страници, што го доби Гардијан. Во некои случаи, цената на увезени нови лекови за Британците е 4 пати повисока како резултат на Брегзит. Некои лекови вклучени во клиничките тестирања, за Британците после Брегзит се зголемија 10 пати, пишува „Гардијан“.
Според извештајот цитиран од „Гардијан“, новите цени имале значителен негативен импакт врз истражувањата на карциномот во Обединетото Кралство, а имало и нови бариери што ги оневозможуваат животоспасителните истражувања за Британците.
Во некои случаи резултатот е разорен, зашто децата се меѓу пациентите со карцином. Туморите кај нив се враќале или третманите престанале, оставајќи ги во позиција на лимбо и неовозможени лекови што можеле да им ги продолжат или спасат животите, според изјавите на специјалисти доктори што ги пренесува „Гардијан“.
Извештајот стигнал и до одделот за наука, инованција и технологија во владата, каде ги проучувале неговите наводи.
Извештајот цитира водечни клиничари, научници и истражувачи и е составен од експерти од организации меѓу кои „Канцер Рисрч Обединето Кралство“, „Универзитетот од Саутхемптон итн.