Фото: РК Еурофарм Пелистер/ФБ

Гарабаја по победата над Загреб: Ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да се подобриме

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер стартуваше со победа во новата сезона од ЕХФ ракометната Лига на шампионите откако дома во Битола во балканското дерби со 25:23 го совлада Загреб од Хрватска.

Македонскиот првак бодрен од своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“ имаше позитива скоро во текот на целиот натпревар и на крајот дојде до првите бодови.

Најефикасен во триумфот на Еурофарм Пелистер беше левото крило Дејан Манасков со осум голови.

Тренерот на екипата, Рубен Гарабаја е задоволен од триумфот, иако верува дека тимот може да покаже многу подобри перформанси:

– Многу е важно да се добијат натпреварите што се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да се подобриме и сме фокусирани на тоа. Мора да размислуваме од натпревар до натпревар, ни следува ПСЖ, но секогаш мора да уживаме во победата. Вечерва уживаме во неа, но од утре ќе се фокусираме на натпреварот во Париз – се зборовите на Гарабаја на официјалниот сајт на ЕХФ по мечот во Битола.

Мечот од второто коло во групата Б, битолскиот состав ќе го има на 18 септември во Париз, Франција, против ПСЖ, со почеток од 20.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот