Висар Ганиу, градоначалник на Чаир / Утрински брифинг

Ганиу: Госпоѓо Арсовска, ве молам не бидете инструмент на моќниците од ДУИ

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу на денешната прес-конференција посочи дека Чаир не е ни меѓу петте општини со најмногу дивоградби во Скопје, но оваа акција што ја презема градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е од политички побуди и ја замоли Данела Арсовска да не биде, како што вели, инструмент на моќниците на ДУИ.

-Госпоѓо Арсовска, почитувам дека сте жена, но ве молам, решавајте ги проблемите смирено и достоинствено, немојте да бидете инструмент на рацете на неколку моќници од ДУИ. Ве повикувам да се вразумите и да не бидете инструмент во политичките игри на ДУИ. Чаир не е шаховска фигура, тој е живо ткиво на Скопје- рече градоначалникот.

Ганиу рече дека на суд ќе се докажува кој објект е дивоградба, но смета дека не е во ред само Општина Чаир да биде на „пик“ на Град Скопје.

Тој ја повика градоначалничката да го исчисти ѓубрето од Чаир што е во нејзина надлежност.

-Чаир е домаќин на над 60.000 луѓе, деца, возрасни, семејства, што очекуваат основни, а не луксузни услови за живот. За жал, последните недели, тие услови се доведени во прашање. ниту еден од суштинските работи кои се во надлежност на Градот Скопје, а се однесуваат на граѓаните на Општина чаир не се извршуваат .Ве охрабрувам веднаш да ги ангажирате сите расположливи капацитети на ЈП „Комунална хигиена“ и да го исчистите наталожениот отпад. на ова влажно и топло време, секој ден доцнење ја зголемува опасноста од зарази меѓу децата и граѓаните- апелираше градоначалникот.

Тој тврди и дека општината воопшто нема неплатени долгови кон Градот, а доколку тие навистина постојат, Ганиу „ја охрабри“ Арсовска да поднесе пријава по која потоа на суд ќе се утврди вистината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот