
ГАЛЕРИЈА: Трабантот наполни 63 години
Малиот автомобил кој стана голем бренд првпат е произведен на 1 ноември 1957 година во Источна Германија.
Препорачано

Името „трабант“, кое изворно потекнува од германскиот збор „драбант“, значи сателит или придружник. Името било инспирирано од советскиот сателит „Спутник“.

Во текот на годините автомобилот претрпе големи промени што се однесува до неговиот изглед.

Возилото стана симбол на Германија во текот на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, кога беа прикажани фотографии од жители на Источна Германија како со него ја поминуваат границата на Западна Германија.

Автомобилот имаше челична рамка со единечно тело, покрив, капак на багажникот, хауба, браници и врати изработени од дуропласт – тврда пластика направена од рециклиран отпаден памук кој потекнувал од Советскиот Сојуз и венолни смоли од источногерманската индустрија за бои.

Тој бил вториот автомобил направен од рециклирани материјали по АВЗ П70 Звицкау, произведуван од 1955 до 1959 година.

Материјалот бил многу издржлив, а просечниот животен век на трабантот бил 28 години.

Освен изгледот, низ годините беа менувани и прекарите на овој автомобил, па така познат е како „Лутиот Пик“, „Лута правосмукалка“, „Чистач“, „Одмаздата на Хитлер“, „Фарт“, „ПВЦ јагуар“, „Дуропластикомбе“, „Асфалтно меурче“, „Двојно богатство“ и др.

Производството на трабанотот заврши во 1991 година, па денес може да се најде само кај љубители на олдтајмери или како дел од некоја уметничка инсталација.