Саем на Книга/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

ГАЛЕРИЈА | Отворен Саемот на книга, ќе трае до 14 мај: над 65 издавачи и 110 проекции на книги

Отворено е 37. издание на Саемот на книга под слоганот „Храна за душа“, кој од денеска до 14 мај ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На саемот ќе има над 65 издавачи, од кои најголем дел од Македонија и 110 промоции на книги.

Саем на Книга/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Саемот ќе биде отворен секој ден до 14 мај од 10 до 20 часот, освен на последниот ден, 14 мај, кога ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

Саем на Книга/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

За полесен пристап на посетителите на саемот, ЈСП ги вклучи двете автобуски линии „100“ и „200“ во редовниот линиски превоз. Првата ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

Саем на Книга/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Цените на влезниците се исти како и минатата година: редовна влезница – 100 денари, влезница за организирани посети на ученици – 50 денари/по ученик, влезница за три посети на саемот – 250 денари. Влезот е бесплатен за деца до 12 години кои се во присуство на родител.

Саем на Книга/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Со секоја купена влезница Саемот на книга ќе донира 15 денари на СОС Детско село.

Саем на Книга/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот