Судење за куче/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ГАЛЕРИЈА | Обвинетиот за убиството на кучето Феликс транспортиран со амбулантно возило

Активистите за заштита на правата на животните, после денешното одложено судење за убиството на кучето Феликс, го пресретнаа обвинетиот кој излезе од задната врата на Кривичниот суд. Предната врата на судот беше блокирана за влез и излез поради големиот метеж и присутните луѓе. Кога обвинетиот излезе од задната врата на судот почнаа бркотници, тој бегаше од насобраните активисти, кои го следеа до црквата „Богородица“ на кејот на Вардар.

Во близина на црквата, пристигна екипа на итната медицинска помош, со која обвинетиот беше транспортиран додека зад него се слушаа извици „убиец“.

 

Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители угина на 7 јануари.

Одложувањето е затоа што еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство. Обвинетите се товарат за убивање и мачење животни.

Од Здружението „Анима Мунди“ побараа зголемување на санкциите предвидени со член 233 (Убивање и мачење на животни).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот