ГАЛЕРИЈА: Институциите на ЕУ осветлени во боите на знамето на Украина

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ЕУ ја потврдува непоколебливата поддршка за Украина со се што е потребно, со цел таа да победи во оваа војна и да се врати мирот, порача Европската служба за надворешни работи во објава на Икс.

По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме.
ЕУ ја потврдува непоколебливата поддршка за Украина со се што е потребно, со цел таа да победи во оваа војна и да се врати мирот, порача Европската служба за надворешни работи во објава на Икс.

ЕУ во знамето на Украина
Фото:Икс

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, пак, порача дека ЕУ е на страната на украинскиот народ од „трагичното утро што ја промени историјата на Европа“, но нема повторно да ја промени картата на Украина по пат на сила.

Фото: Икс

Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.

Фото: Икс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот