ГАЛЕРИЈА | „Душата на Феликс вреди колку човечката“ – револт пред Кривичен суд за измачувањето животни

Денеска пред Кривичниот суд во Скопје се одржа протест против суровото убиство на кучето Феликс.

Во исто време во судот почнува судењето по објавувањето на вознемирувачката видео-снимка од мачењето на кучето во Момин Поток, а по што Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава.

Според обвинението, двајцата соизвршители на 19 ноември 2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс – мажјак, црна боја, на возраст околу една година.

Првообвинетитот со тврд предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди.

Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво.

Феликс почина како последица на повредите на 7 јануари годинава.

Фотографот на „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ преку својот фото-објектив ја пренесува атмосферата пред судот:

 

Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот