ГАЛЕРИЈА | 27. издание на „Златна бубамара“: Сашко Коцев ја врати насмевката кај публиката

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Вчеравечер се одржа 27. издание на најпопуларното македонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија – „Златна бубамара“.

Бројната публика во салата „Борис Трајковски“, која беше исполнета до последното место, имаше можност да ужива во четиричасовно шоу, исполнето со многу музика, танц и хумор.

Под мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“, организаторите на манифестацијата останаа доследни на својата критичка мисла за актуелните случувања во државата и на еден хумористичен начин ги претставија проблемите од нашето секојдневие.

Ранко Петровиќ, сопственик на радио „Бубамара“ / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Манифестацијата ја отворија младите актери од телевизиската серија „Тин камп“, кои ја добија наградата за најдобра тинејџерска серија за 2023 година. Веднаш по нив, награда доби и екипата на „Петар Пан“, која доби статуетка за најдобра балетска претстава за деца.

Миланка Рашиќ ја имаше честа да го најави основачот на танцовото студио „Ритам плус“, Тодор Миладинов, и да му ја додели наградата за трајни вредности за афирмација на танцот. Публиката остана воодушевен од моментот кога Рашиќ и Миладинов заиграа на сцената.

Тодор Миладинов и Миланка Рашиќ / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

На големо изненадување на присутните, на сцената се појави актерот Сашко Коцев, кој минатата година не беше дел од „Златна бубамара“. Во негов стил, тој се пошегува за проблемот со личните документи.

– И јас добив пасош. Не беше со врски, туку со античката метода: „Јас само да прашам“. И каква е таа брза постапка ако чекаш една недела за пасош? Брза постапка е да си дадеш 6.600 денари, а тие одма да ти го дадат пасошот. Како кога купуваш хамбургер, ти го даваат по брза постапка – рече Коцев.

Сашко Коцев / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Коцев потоа му ја врачи наградата за трајни вредности на д-р Миодраг Врчаковски, кој во оваа прилика се присети на долгогодишната соработка со композиторот Кире Костов, кој почина во 2023 година.

На годинашното издание на „Златна бубамара“, на Кире Костов му беше доделена постхумната награда за животно дело. Во негова чест, Тамара Тодевска ја отпеа антологиската „Кога те нема“ на Хелена Благне, Андријана Јаневска ја отпеа „Тајно моја“ на Тоше Проески.

Сашко Коцев и Миодраг Врчаковски / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Пејачот Драган Мијалковски е годинашниот добитник на најважната награда на „Златна бубамара“ – наградата за животно дело. Статуетката му ја врачи актерот Игор Џамбазов, кој е значаен гостин на секое издание на оваа манифестација.

Откако ѝ се заблагодари на публиката за поддршката низ годините, Мијалковски ги отпеа своите најголеми хитови – „Кажи ми“, „На 223-305“ и „Кажи нешто драга“.

Драган Мијалковски / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Што се однесува до регионалните гости, и српскиот пејач Жељко Самарџиќ ја доби наградата за трајни музички вредности. Како и секогаш, тој успеа да ја размрда публиката со своите весели хитови.

Меѓу останатите добитници на годинашната „Златна бубамара“ беа Нино Величковски (трајни вредности во народната музика), Владо Јаневски (концерт на годината), Андријана Јаневска (пејачка на годината), Александар и Дац (дуо на годината) ДНК и Врчак со „Посреќна“ (песна на годината), „Македонијо, во срце те носиме“ (албум на годината), Сергеј Димовски (актер на годината), Наталија Теодосиева (актерка на годината), Кире Лазаров (спортска легенда) Игор Стефановски (спортист на годината), Рамбо Амадеус (уникатни музички вредности) итн.

Нино Величковски / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Владо Јаневски / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Жељко Самарџиќ / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Андријана Јаневска / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Игор Џамбазов / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Кире Лазаров / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Рамбо Амадеус / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот