
Galaxy Z Flip7 + Watch8: кога технологијата станува стил на живеење
Во светот на брзината, гласноста и постојаната потреба за „повеќе“, тешко е да најдеш нешто што навистина личи на тебе. Но понекогаш, технологијата успева токму во тоа, да стане продолжеток на твојата личност. Така изгледа новиот Galaxy Z Flip7 уред што не само што ја разбира твојата динамика, туку ја слави.
Препорачано
Дизајн што зборува без зборови
Кога го држиш во рака, не чувствуваш студена технологија, туку дел од себе. Телефон што со секој флип раскажува приказна за стил, храброст и автентичност. Дизајнот му е скулптура од минимализам и елеганција. Доволно впечатлив за да го забележат сите, но доволно суптилен за да кажуваш: „Ова сум јас, без зборови.“
И додека сите зборуваат за мегапиксели и процесори, Z Flip7 ти покажува нешто друго, дека вистинскиот луксуз не е во бројките, туку во начинот на кој технологијата се вклопува во твојот живот.
Секој ден, едноставно поубав
Утрото почнува со краток поглед кон надворешниот екран: пораки, календар, временска прогноза, сè на дланка, без ни да го отвориш телефонот. А кога инспирацијата ќе те фати ненадејно, камерата сама стои стабилно на масата, подготвена за совршениот кадар.
Интелигенција што создава инспирација
Google AI Pro е твојот тивок соиграч во секоја идеја. Кога сакаш да резимираш документ, да подготвиш текст за објава или да добиеш инспирација за креативна содржина, тој го прави тоа со леснотија.Како да имаш личен асистент што те разбира без да зборуваш.
Часовник што мисли на тебе
А кога станува збор за секојдневието, тука е Galaxy Watch8, твојот дигитален пулс и личен тренер во едно. Наутро те потсетува дека сонот е подеднакво важен како и работата. Попладне, те поттикнува да станеш од столче и да прошеташ. Вечерта, со еден поглед, ти раскажува како си се грижел за себе. Но не го прави тоа наметливо, туку тивко, со стил. Со дизајн што изгледа како да е создаден и за спортска и за вечерна комбинација, Watch8 е повеќе од паметен часовник. Тоа е твоја навика што изгледа добро.
Сè поврзано, сè под контрола
Заедно, Flip7 и Watch8 создаваат универзум во кој технологијата станува личен ритуал. Со SmartThings, твојот дом реагира на твоето расположение, светлата се прилагодуваат, температурата се менува, музиката те следи низ секоја соба. А благодарение на One UI интерфејсот, сè функционира како добро усогласен оркестар: едноставно, мазно, природно. Во позадина, Samsung Knox стои како невидлив чувар на твојата приватност, за да можеш да живееш без страв дека некој го слуша твојот дигитален разговор.
Пробај ја иднината, уште денес
Но вистинската убавина е во начинот на кој Samsung ти дозволува да го почувствуваш тоа пред да го поседуваш.Со Try Galaxy, можеш да го искусиш целиот Galaxy свет директно од својот телефон ,да ги откриеш AI функциите, интерфејсот, па дури и начинот на кој Flip7 реагира на допирот. Тоа не е проба. Тоа е љубов на прв поглед.
Подарок со емоција
И токму кога ќе помислиш дека совршенството е недостижно, Samsung додава емоција. Преку промоцијата „Кого ќе израдуваш?“, можеш да подадеш насмевка што трае подолго од секој подарок. Од 2 до 31 октомври 2025, купи еден од најновите модели: Galaxy Z Fold7, Z Flip7, Z Flip7 FE, S25 Ultra, S25/S25+ или S25 Edge и добиј подарок Galaxy S25 FE, телефон вреден 44.999 МКД. Регистрирај го купувањето на samsung.com најдоцна до 17 ноември, а подарокот ќе пристигне директно на твојата адреса. Задржи еден Galaxy за себе, а другиот подари го на личноста која ти значи затоа што најубавите подароци се токму оние што не ги планираме.
Galaxy Z Flip7 + Galaxy Watch8 – Не е само технологија. Тоа е искуство што живее со тебе.