Пекарот и хуманитарец Сеад Бихорац од Нови Пазар и зградата која ја гради за самохраните мајки и нивните деца / Фото: Курир.рс

ВИДЕО: Фурнаџија од Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за 500 деца

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во српскиот град Нови Пазар, Сеад Бихорац, покрај тоа што со години им дели бесплатен леб на оние кои не можат да си го дозволат, и покрај тоа што за време на Рамазан сите можат да добијат бесплатни топли пити за ифтар за себе и семејството, во ноември 2024 година почна да гради зграда со шест станови кои ќе им ги подари на самохрани мајки и нивните деца, пишуваат локалните медиуми.

Зградата со шест станови за самохрани мајки што ја гради Сеад Бихорац, пекарот и хуманитарец од Нови Пазар

За несекојдневните добри дела на пекарот од Нови Пазар и порано пишуваа регионалните медиуми, а за овој Рамазан тој направи уште еден благороден гест – организираше делење на пакетчиња како подароци за 500 деца од градот и околината, пишува „Санџак данас“.

Порталот објави и видео од акцијата со подароците за децата во градот, на кое може да се види нивната радост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот