Вардар-Работнички/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалскиот меч Башкими-Вардар прогласен за натпревар со зголемен ризик

Фудбалерите на Башкими и Вардар ќе го затворат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига со дуел што ќе се одигра во понеделник во Куманово.

Фудбалската федерација на Македонија, по препорака на Комисијата за натпреварување, овој натпревар го прогласи за меч со зголемен безбедносен ризик.

„Ве молам во врска со првенствениот натпревар да преземете мерки согласно вашите овластувања. Клубовите да ги преземат мерките согласно законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и правилникот за безбедност и сигурност на фудбалските натпревари на ФФМ“, се вели во писмото.

Натпреварот меѓу Башкими и Вардар ќе се одигра во понеделник со почеток од 15:00 часот.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот