Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Фудбалерот осуден на затворска казна поради шверц на кокаин уапсен во Дубаи

Холандскиот фудбалер Квинси Промес кој неодамна беше осуден на шест години затворска казна поради вмешаност во шверц на кокаин е уапсен во Дубаи, пренесуваат руските медиуми.

Според пишувањето на медиумите актуелниот фудбалер на Спартак Москва по кого била распишана Меѓународна потерница бил приведен во Дубаи.

Промес бил запрен на граничната контрола, а потоа одведен во полициска станица во Дубаи заедно со неколку лица од својот клуб. Наводно тој е се уште во притвор додека остатокот од екипата отпатувал и засега не е познато дали ќе биде испратен во Холандија или вратен во Русија.

Во Холандија Промес беше осуден на затворска казна од шест години поради вмешаност во шверц на кокаин, но и плус година ипол поради напад со нож на роднина на семејна прослава. Сепак, бидејќи Холандија и Русија немаат договор за екстрадиција Промес беше безбеден во оваа земја.

Ако Дубаи го испрати Промес во Холандија тогаш тој веднаш ќе започне со отслужување на затворската казна.

„Осудениот фудбалер е ставен на Меѓународна потерница. Обвинителството се обиде да го приведе во Холандија и презема мерки. Меѓутоа се уште тој не е испорачан“, стои во соопштението од обвинителството.

Во кариерата Промес настапуваше за Твенте, Севиља и Ајакс, додека дресот на репрезентацијата на Холандија го носеше на 50 натпревари и постигна пет гола.

Поранешниот холандски репрезентативец, Квинси Промес осуден на шестгодишна затворска казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот