фото: принстскрин/Youtube/Bsports Tv

Фудбалерот на Хатајспор Кристијан Атсу пронајден мртов по 12 дена под рушевините во Турција

Во низата трагични вести од Турција по катастрофалниот земјотрес, пристигна уште една. Во неделата рано наутро беше потврдена веста за откривањето на безживотното тело на фудбалерот од Гана и играч на турскиот фудбалски клуб Хатајспор, Кристијан Атсу.

Поранешниот фудбалер на Челси се наоѓал на деветтиот кат од зградата која се урна во страшниот земјотрес, но не успеал да преживее. Оваа вест ја потврди и неговиот менаџер Мурат Узунмехмет.

Потрагата по него траеше 12 дена, се појави вест дека е пронајден жив, која ја пренесе и „Би-Би-Си“, но сè беше демантирано.

Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Гана и турскиот прволигаш Хатајспор ден пред земјотресот постигна гол во седмата минута од судиското надополнување за да му донесе победа на својот тим во натпреварот против Касимпаша.

Ја започна професионалната кариера во Порто, играше на позајмица во Рио Аве. Од 2013 година беше член на Челси, но не запиша ниту еден официјален настап, па беше испраќан на позајмица во Витесе, Евертон, Бурнмаут, Малага и Њукасл. За клубот од „Ст. Џејмс Парк“ од 2017 до 2021 година запиша 75 настапи и три голови. Го носеше и дресот на Ал-Раед, а од септември минатата година беше во Турција во боите на Хатајспор.

За репрезентацијата на Гана забележа 65 настапи и постигна девет гола. Последниот настап за националниот тим го имаше пред три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот