Фото: Fortuna Sittard

Фудбалер поминал низ хорор: Морав повторно да учам да одам

Фудбалерот на холандската Фортуна Ситард, Самуел Бастиен, по подолга пауза конечно проговори за причините поради кои подолго време бил отсутен од терените. Во исповед за белгиските медиуми, тој откри дека поминал низ една од најтешките животни битки,  преживеан мозочен удар.

„Сè започна по еден пријателски натпревар. Не се сеќавам против кого игравме, но почна да ме боли глава. Легнав со надеж дека ќе помине, но болката не стивнуваше. Отидов на лекар, добив таблети, но ни тоа не помогна“, раскажа Бастиен.

Само два дена подоцна, по направените испитувања, бил итно повикан во болница.

„Таму ми кажаа дека сум претрпел мозочен удар. Бев на чекор до смрт, за влакно ја избегнав. Ме оперираа, остана лузна долга 15 сантиметри, но не чувствував страв“, вели фудбалерот.

По операцијата следувале уште потешки денови. Поминал три дена во кома, а потоа уште две недели во болница. Периодот на рехабилитација бил тежок, прво бил во инвалидска количка, потоа користел штаки, па морал повторно да учи како да оди.

„Добивав пораки на Инстаграм, многумина прашуваа каде сум. Но, решив да се повлечам. Сакав низ сето тоа да поминам со семејството. Не се откажав во ниту еден моемнт“, додава Бастиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот