Фото: Voska Sport

Фудбалер на Воска Спорт се пресели во Марибор

Бехар Фета од редовите на Воска Спорт прави голем чекор напред и кариерата ќе ја продолжи во една од најдобрите словенечки екипи, тимот на Марибор.

За левото крило ова ќе биде прв интернационален предизвик во кариерата. Воска трансферот на Фета го потврди на социјалните мрежи и му се заблгодари за досегашниот придонес.

Со Марибор Фета потпиша договор на три години, а потоа се врати да се поздрави со остатокот од тимот.

Дресот на Воска, 20-годишниот фудбалер го носеше на 65 натпревари на кои постигна 50 голови. Марибор е голем клуб кој 16 пати бил шампион на Словенија, па токму затоа ова е голем предизвик во кариерата на младиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот