Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалер на Ливерпул купува клуб кој осум пати бил шампион на Франција?

Ѕвездата на Ливерпул и еден од најдобрите десни бекови во светот, Трент Александер Арнолд сака да го купи француски Нант што би било вистинска сензација. Има активни играчи кои поседуваат клубови, но не така големи.

Според информациите на „Л’Eкип“ Арнолд веќе влегол во сериозни преговори со сопственикот на Нант, Валдемар Кит. Кит е сопственик на Нант од 2007 година и наводно сака да го продаде клубот. Информациите се дека 100 милиони евра би биле доволни за да го препушти раководењето осумкратниот францускиот шампион.

Наводно, тој би прифатил 80 милиони веднаш и уште 20 како кредит. Во целата операција би можела да бидат вклучени и бонуси во износ од дополнителни 40 милиони евра. Инаку, Трент веќе е има акции во Формула 1 тимот, Алпин, па ова не би му било првпат да инвестира во спортот.

Сезонава во дресот на Ливерпул, Арнолд одигра пет натпревари во кои запиша една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот