Дејвид Фрост / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Фрост: Велика Британија повторно е целосно независна држава

Британскиот главен преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост денеска изјави дека Велика Британија повторно ќе биде целосно независна земја од 1 јануари.

Барние по трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија: Ни олесни, часовникот повеќе не отчукува

– Нашата земја повторно започнува ново патување како целосно независна држава од 1 јануари. Нашата иднина и нашиот просперитет е во наши раце. Уверен сум дека ќе напредуваме и ќе успееме, напиша Фрост на Твитер.

Мишел: Договорот со Велика Британија е најдобар исход за сите наши граѓани и компании

Трговскиот договор е постигнат денеска, една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ.

Фон дер Лајен: Постигнавме добар и фер договор со Велика Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот