
Треба да плати 10.000 евра: Францускиот претставник на Евровизија казнет за сексуално вознемирување
Францускиот пејач Слиман, кој ја претставуваше Франција на Евровизија во 2024 година со песната „Mon Amour“, е осуден за сексуално вознемирување на техничар и ќе треба да плати казна од 10.000 евра.
Препорачано
Недолго по завршувањето на музичкото натпреварување, Слиман се најде во центарот на вниманието откако еден маж поднесе тужба против него поради сексуално вознемирување.
Станува збор за поранешен техничар кој работел на неговата турнеја во 2023 година. Според тогашните информации, пејачот наводно инсистирал да имаат сексуален однос и на својот поранешен соработник му праќал „бројни пораки и видеоснимки со сексуална или порнографска содржина“, пренесе грчкиот портал „Лајфо“.
Истрагата започнала една година подоцна. Француските медиуми јавуваат дека, според предметот, Слиман се товари дека, меѓу другото, го присилувал мажот да го прегрне и покрај одбивањето, постојано му предлагал сексуален однос.
Судот во Сент Етиен на крајот го прогласи пејачот за виновен за сексуално вознемирување извршено преку дигитални или електронски средства и му изрече условна парична казна од 10.000 евра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
58мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5