Полиција Франција/ Фото fotononstop / Profimedia

Француската полицијата истражува серија киднапирања на луѓе кои работат со криптовалути

Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство со криптовалути, откако во четвртокот 60-годишен маж кој поседувал компанија за маркетинг на криптовалути бил киднапиран. Ова киднапирање е последното во низата слични што се случија во Франција и соседните земји.

Киднаперите, како што соопштија француските медиуми, му го отсекле прстот на 60-годишниот маж додека барале откуп од неговиот син.

По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен од куќа јужно од Париз откако поминал два дена таму, објави француската телевизија BFMTV.

Милионерот, чие име не е објавено, беше киднапиран во четврток наутро додека одел по улица во Париз, кога четворица мажи со скијачки маски го натерале да влезе во комбе за достава.

Полицијата успеала да го ослободи во саботата навечер, како и да уапси петмина осомничени.

Според извештаите, киднаперите барале откуп од пет до седум милиони евра, кој не бил платен.

Кон крајот на јануари во централна Франција беше киднапиран и коосновачот на компанијата за криптовалути „Леџер“, Давид Балан, а киднаперите му го отсекоа и прстот.

Киднаперите побарале 10 милиони евра за неговото ослободување, а Давид Балан бил ослободен од полицијата набргу потоа.

Во врска со тој случај, се води истрага против девет осомничени, вклучувајќи го и 26-годишниот организатор.

Во декември минатата година, друг инфлуенсер кој заработил богатство од криптовалути бил киднапиран.

Станува збор за 56-годишен маж кој бил киднапиран на истокот од Франција од својот дом, заедно со сопругата и ќерката, а неговиот син добил барање за откуп и контактирал со полицијата.

Сопругата и ќерката набрзо потоа биле ослободени, а киднапираниот маж бил пронајден 24 часа подоцна во багажникот на автомобилот со видливи знаци на физичко малтретирање.

Во изминатите пет месеци, слични киднапирања се пријавени во Шпанија и Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот