Франција ќе ја признае палестинската држава/Фото: Bertrand GUAY / AFP / Profimedia

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва во своето обраќање пред Обединетите нации потврди дека Франција официјално ја признала палестинската држава.

Со тоа, таа им се придружи на голем број земји кои ја донесоа истата одлука во последните недели, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

Како што јавува Би-Би-Си, Макрон пред објавата изјавил дека е „време да се запре војната во Газа“ и да се ослободат преостанатите 48 заложници што сè уште ги држи Хамас.

„Светот е само на неколку моменти од губење на својата шанса за мир. Не можеме повеќе да чекаме“, рече тој.

Се очекува неколку други европски земји да го следат примерот на Франција, додека Германија, Италија и САД веќе изјавија дека нема да го сторат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот