Андреас Кронталер и Хајди Клум / Фото: Alessandro Galatoli / Zuma Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Заводлива и на 52 години: Хајди Клум ја затвори ревијата на Модната недела во Париз во секси венчаница

Заводливата Хајди Клум направи големо изненадување на Модната недела во Париз, затворајќи ја ревијата на Вивиен Вествуд пролет/лето 2026. Ова беше првпат во нејзината кариера познатата манекенка да има чест да прошета на последната ревија на една од ревиите во Париз, како што пишува списанието „Гламур“.

Иако веќе прошета на пистата на „Le Défilé Show 2025 L’Oréal Paris“ на почетокот на модната недела, рамо до рамо со други амбасадори на брендот како што се Кендал Џенер, Џејн Фонда и Ева Лонгорија, тој момент сега е ставен во втор план. Но, нејзиното појавување на ревијата на Вивиен Вествуд ќе биде запаметено како посебен момент во нејзината
кариера.

Екстравагантна невеста за крај

Модните познавачи знаат дека магијата на секоја ревија е дефинирана од два клучни моменти. Првиот е кога светлата се гасат и првиот модел стапува на пистата, откривајќи ја насоката на колекцијата. Вториот е последен, кога се претставува финалниот изглед, означувајќи го големото финале. И двете улоги се сметаат за посебна чест во светот на модата – чест што сега ѝ е доделена на Хајди Клум за првпат.

Во саботата попладне, на ревијата на Вивиен Вествуд, Клум прошета по пистата во екстравагантна бохо венчаница со бел блескав корсет, комплетно со сандали со потпетици во боја на тен. Додека во позадина се слушаше песната „Das Karwendellied“ од бендот „Цирталер Шурценјегер“, дизајнерот Андреас Кронталер ѝ подари огромен букет цвеќе.

Инспирација од сопствената интимност

Најновата колекција, наречена „Будуор“ во согласност со лансирањето на новиот мирис на Вивиен Вествуд, оди подалеку од буквалното значење на елегантен гардеробер. Дизајнерот Андреас Кронталер објасни дека за него „будоар“ претставува место каде што човекот е најблиску до себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Hay (@lindahaymakeup)

„Тоа е приватен, таен простор без постојани одвлекувања на вниманието. Тоа е просторот каде што сте најблиску до себе, каде што лежи вистината. Вистината лежи во вашето срце“, рече тој во белешките за ревијата.

Идејата за автентичност е проткаена низ целата колекција, а интересно е што повеќе од 80 проценти од ткаенините се претходно перени за да се постигне совршено прилегање и чувство на кожата. Кронталер, кој сега живее во Милано, инспирација пронашол и во Италија, каде што го поминал летото на Сицилија.

@dazed Here comes @heidi klum 👰🏼‍♀️ Finale at the @Vivienne Westwood SS26 show in Paris 💘 #DazedFashionTV #HeidiKlum #VivienneWestwood #runwau #TikTokFashion ♬ original sound – dazed

ФОТО | „Изгледа очајно, навистина тажно“: Хајди Клум ги покажа градите во проѕирен фустан на Модната недела во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот