
ФОТО+ВИДЕО | Заедно го бодреа Новак: Јелена во беспрекорно издание, а покрај неа еден од најголемите спортисти во историјата!
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ вчера со победата на Ролан Гарос во Париз испиша историја освојувајќи го 23. Грен слем во кариерата, а натпреварот од публиката го следеше семејството, пријателите и колегите на Новак.
Препорачано
Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ пристигна во Париз со децата Стефан и Тара, а меѓу бројните славни ѕвезди кои го следеа историскиот натпревар, во ложата, покрај Јелена седеше славниот спортист Том Брејди, најголемата ѕвезда на американскиот спорт во 21 век, легендарниот бек на НФЛ.
Инаку, Брејди, откако се разведе од топмоделот Жизел Бундшен, е „тивко страдање“ на многу женски срца.
Tom BRADY is here! #TOMBRADY #DJOKOVIC sitting next to Jelena Djokovic! #GOATmeetsGoat pic.twitter.com/MuPlk3F9si
— socal (@socalissonice) June 11, 2023
Најголемиот американски фудбалер, кој по 23 години одлучи да се пензионира, вчера во Париз навиваше за Новак.
Фотографиите на Том Брејди и Јелена Ѓоковиќ го преплавија интернет, а многу луѓе ги коментираа на Твитер.
I spy…
? @TomBrady ?#RolandGarros pic.twitter.com/HCeT4v0THx
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2023
По победата на натпреварот, Новак се качи на трибините и ја бакна сопругата и го поздрави Брејди.


Том Брејди не беше единствен кој вчера го бодреше српскиот тенисер. На трибините беа и фудбалските великани како Златан Ибрахимовиќ и Килијан Мбапе, а покрај нив беше познатиот актер Хју Грант, редовен посетител на Вимблдон, кој и овојпат ја почести публиката во Париз со своето присуство на Ролан Гарос.