Фото: ЕPA-EFE/Sebastian Borowski

ФОТО+ВИДЕО | Усик по контроверзна судиска одлука го нокаутираше Дубоа и ги одбрани титулите

Олександар Усик ги одбрани шампионските титули во тешка категорија откако пред 40.000 гледачи го нокаутираше Британецот, Даниел Дубоа во деветтата рунда.

Усик успеа да слави во борбата во која видовме и еден контроверзен момент. Во петтата рунда Украинецот се најде на подот по силен удар кој го доби во стомакот и прашање е дали ќе станеше навреме ако не добиеше надворешна помош.

Судијата процени дека станувало збор за удар под појасот и воопшто не му броеше на Усик и му даде време колку што му е потребно да се стабилизира. По тој момент Украинецот презема контрола на мечот и ги одбрани титулите.

Откако победи, Усик повторно го предизвика Тајсон Фјури за борба за обединување на титулите.

„Подготвен сум за борба против Фјури. Одлично се чувствувам и благодарен сум на мојот тим, моето семејство, моите деца. Благодарен сум на мојата земја и на украинската армија“, изјави Усик.

Фото: EPA-EFE/Sebastian Borowski
Фото: EPA-EFE/Sebastian Borowski
Фото: EPA-EFE/Sebastian Borowski
Фото: EPA-EFE/Sebastian Borowski

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот