
ФОТО+ВИДЕО | Том Хенкс ја продава „пеглата“: Цената достигна астрономски износ
„Фиат 126“, или како што кај нас беше познат под прекарот „пегла“, важи за една од иконите меѓу малите градски автомобили. Иако никогаш немал комерцијален успех како неговиот претходник (Фиат 500), се произведувал дури 28 години без поголеми промени (од 1973 до 2000 година) и во тој период нашол околу 4,7 милиони купувачи. Освен на домашниот пазар, „пеглата“ беше многу популарна и во Полска, каде што се произведуваше под лиценца, и тоа од страна на локален производител на полскиот „фиат“, а таму ја носеше ознаката 126р.
Препорачано
Овој мал автобмобил денес е релативно достапен како класика и ретко привлекува внимание кога се појавува во огласите, но исклучок е примерокот од денешната приказна. Неодамна се појави во продажба преку аукциската страница „Bring a Trailer“ и нејзин сопственик е никој друг туку легендарниот холивудски актер Том Хенкс.
So excited about my new car! Hanx pic.twitter.com/e5es8RoR1s
— Tom Hanks (@tomhanks) October 29, 2016
Официјалната приказна вели дека Хенкс ја посетил Унгарија во 2016 година и на улица ја забележал „пеглата“, па сакал да се фотографира покрај неа со натпис „многу сум возбуден за мојот нов автомобил“. Таквата приказна се прошири се до градот Биелско-Биала во Полска, каде некогаш се произведуваше 126p, а едно лице по име Моника Јасколска одлучила да му подари еден примерок на американскиот актер. Таа го купила на свој трошок, а потоа компанијата „Carlex Design“ ја комплетирала реставрацијата бесплатно.
Кога Јасколска му го подарила автомобилот, Хенкс не ја криел среќата, дури и донирал пари во болницата во која работела Јасколска.
Славниот актер сега ја продава својата „пегла“, а сите заработени пари вели дека ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Таквата организација се нарекува „Elizabeth Dole Foundation“ и се занимава со обезбедување помош на семејствата на американските војници кои биле убиени или ранети за време на воената служба.
Во огласот се наведува дека 126p е произведен во 1974 година и дека поминал помалку од 500 километри откако бил темелно реставриран. Тој претрпел некои ситни модификации како што се оние кои се однесуваат на поставување на алуминиумски браници, 12-инчни тркала и особено кога станува збор за внатрешноста каде што можеме да видиме многу кожни детали. Минатата година тој поминал низ процесот на освежување кога биле заменети сопирачките, свеќичките, карбураторот и неколку кабли.
До крајот на лицитацијата остануваат уште два-три дена, а Хенкс веќе добил дваесет понуди, од кои најголемата изнесува 57.000 долари. Не се сомневаме дека бројката на крајот на аукцијата ќе биде многу поголема, а за возврат купувачот добива навистина посебен автомобил.