
ФОТО+ВИДЕО | Сопственикот на ресторан на Кефалонија се пофали со Кајли Џенер, луѓето го линчуваа!
Ресторан на грчкиот остров Кефалонија се најде среде неочекуван линч на интернет откако неговите сопственици се пофалија со посетата на ријалити ѕвездата Кајли Џенер (27). Веројатно се надеваа на пофалби, но добија лавина од негативни коментари.
Препорачано
Ријалити ѕвездата и основачка на „Кајли Козметикс“ вечерала на 12 јули во ресторанот „Тасија“ во рибарското село Фискардо, а сопствениците Полихронис Дендринос и Тасија Дендрину не го криеле своето воодушевување.
View this post on Instagram
„Вистинска чест ни е да бидеме домаќини на оваа славна претприемачка и глобална предводничка на трендовите“, објавиле тие на Инстаграм, нарекувајќи ја Џенер „инспирација и една од највлијателните жени на нејзината генерација“.
Но, она што следело било лавина од критики.
„Вие сте почестени? Зошто би била посебна во споредба со другите гости?“, прашал еден корисник на Инстаграм, додека друг додал: „Чест? Дали таа излекувала рак или нешто слично?“
„Демек… како да е таа важна за човештвото“, напишал еден следбеник. Друг коментатор саркастично порачал: „Чест? Поради пластичните операции и нивните лаги поради кои девојчињата се чувствуваат несигурно?“
Kylie Jenner Vacations in Kefalonia, Showcasing Her Love for Greece https://t.co/dIXE1x3C7w pic.twitter.com/7E3Z2gqS0P
— Greek City Times (@greekcitytimes) July 12, 2025
Многумина заклучиле дека едноставно благодарам би било доволно, додека други повикале и на бојкот на ресторанот.
„Благодарам, сега знам каде не сакам да вечерам“, напишал еден корисник. „Ова не е никаква работа за фалење“, додал друг.
Сепак, не било сè негативно, некои застанале во одбрана на семејниот ресторан.
„Луѓето што се лутат вака треба да излезат малку на воздух“, рекла една жена. „Ако Кајли дојде во мојот ресторан, и јас би го објавил тоа“, заклучил друг.
Ресторанот „Тасија“, кој работи повеќе од половина век, е познат по своите домашни јадења подготвени од локални состојки, а поголемиот дел од зеленчукот доаѓа од нивната сопствена градина.
Во текот на вечерата, Кајли позирала со својата најдобра пријателка, грчко-американската инфлуенсерка Анастасија Караниколау, на фотографии покрај морето што ги сподели на Инстаграм. Тие се познаваат уште од основно училиште, а во 2019 година го истетовираа името на ќерката на Кајли, Сторми, како знак на пријателство.
Kylie Jenner and Anastasia Karanikolaou in Greece 🤍✨ pic.twitter.com/dQ4rBiKDQa
— ˗ˏˋ ♡ ˎˊ˗ (@kkjdaillynews) July 16, 2025
Џенер во моментот е на одмор во Европа, кој го започна на раскошната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Италија. Во текот на престојот во Грција, таа уживала на јахта со пријателка, далеку од очите на јавноста и без нејзиното момче, актерот Тимоти Шаламет.
Интересно е што и други познати гости веќе јаделе во „Тасија“ – меѓу нив Меџик Џонсон, Деми Мур, Семјуел Л. Џексон, Том Паркер Боулс, па дури и контроверзниот американски сенатор Боб Менендез.