Силно полициско обезбедување низ скопската чаршија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
ФОТО+ВИДЕО: Силно полициско обезбедување под Кале, се чекаат бугарските делегации
М.Д.
Пред
Откако заврши официјалниот дел на честувањето на 151-годишнина од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, под Кале околу црквата Св. Спас останаа полициските единици кои го обезбедуваат гробот на Гоце Делчев, во исчекување на бугарските делегации.
Полициски хеликоптер над локацијата/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Според најавата почит на гробот на Гоце Делечев официјално ќе одадат бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.
За пристугнување на претставници на бугарски здруженија и политичари од Република Бугарија имаше најави преку социјалните мрежи, но според досегашниот протокол, ќе има проверки на сите граѓани кои ќе сакаат да пристапат кон гробот на Гоце Делчев.
Репортерите на „Слободен печат“ од теренот јавуваат дека полицијата не дозволува пристап на група граѓани кои се кај мостот Гоце Делчев и пеш се обидуваат да пристигнат до Св. Спас.
Група граѓани блокирани под Кале/Фото: Слободен печат/Мето Здравев
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Праксата на користење боди камери од страна на полицијата е одамна прифатена во повеќе земји низ светот, а во Македонија, оваа пракса се применува кај сообраќајната и кај граничната полиција, кои се должни при секое дејствие да носат и да вклучат камера. Но, кај криминалистичката полиција ситуацијата е поинаква — таа не е обврзана да …
Андреј Рајатоски од Скопје, е момчето коешто се крие зад псевдонимот Гардинарот.мк, којшто за многу краток период стана популарен на социјалните мрежи (Јутјуб, Инстаграм и Тикток). На неговите видеа се гледа како тој самостојно, самоиницијативно, без никаков финансиски надомест, но со огромна лична сатисфакција, уредува јавни површини. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано …