
ФОТО+ВИДЕО | Шкендија поразена од Рајо Ваљекано на дебито во УЕФА Конференциската лига
Денеска во својот прв натпревар од лигашката сезона во УЕФА Конференциската лига, фудбалерите на Шкендија на „Естадио де Ваљекас“ во Мадрид загубија од домаќинот Рајо Ваљекано со 2:0 (2:0).
Препорачано
За краток период од четири минути шпанскиот претставник успеа двапати во текот на првото полувреме да ја затресе мрежата на актуелниот македонски првак.
Најпрвин во 28 минута Лопез стрелаше за водство на Рајо, голот можете да го погледнете ТУКА
А во 32 минута од натпреварот за зголемување на предноста се погрижи Перез чиј погодок можете да го погледнете на следниот линк ТУКА
Во 64 минута Рајо постигна уште еден гол преку Трехо, но истиот беше поништен поради офсајд.
И пред самиот старт на мечот беше познато дека шпанската екипа ја има фаворитската улога, а тоа го покажува и статистиката која вели дека домаќинот има 20 удари, од кои 10 во рамките на голот на Шкендија.
Играчите на тренерот Јетон Беќири имаа само еден удар во рамките на противничкиот гол. Рајо имаше целосна контрола на играта со доста поголем посед на топката 68-32%. Воедно Рајо изведе дури 12 корнери, а Шкендија ниту еден.
Следниот меч Шкендија во ова клупско натпреварување ќе го има на 23 октомври во Скопје против ирскиот Шелбурн.
УЕФА Конференциска лига 2025/26
Рајо Ваљекано – Шкендија 2:0 (2:0)
Шкендија: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Џака (Алхасан 46`), Р. Рамадани, Тамба (Ф. Рамадани 86`), Красниќи (Зејнулаи 56`), Љатифи (Крстевски 66`), Ибраими (Спахиу 66`).



