ФОТО+ВИДЕО | Се омажи Лајла Грејс: Македонската писателка го изговори судбоносното „да“ во Белгија

Фото: Инстаграм/Марија Јаневска

Македонската писателка и магистерка по фармација Марија Јаневска, позната по псевдонимот Лајла Грејс, веќе три години живее и работи во Гент, Белгија.

Таму го запозна својот партнер Али Нодех, кој ја запроси минатата година, а викендов го изговорија и судбоносното „да“ во бајковитата атмосфера на еден замок близу Гент.

Фото: Инстаграм/Марија Јаневска

На прославата присуствувале нивните најблиски роднини и пријатели, кои споделија неколку фотографии на социјалните медиуми.

„Секогаш беше ти“, напиша таа на Инстаграм во описот на објавата за венчавката.

Од фотографиите, објавени на Инстаграм, може да се забележи дека Јаневска била прекрасна невеста, во едноставна и светкава венчаница, а нејзиниот избраник се одлучил за класичен изглед – црн и елегантен костум.

Инаку, Јаневска доживеа голема популарност во Македонија со нејзиниот анонимен блог, на кој пишуваше под псевдонимот Лајла Грејс и објавуваше љубовни приказни, што потоа прерасна во издавање на нејзината прва книга „Белешките на Лајла Грејс“.

Таа е авторка на три книги: „Белешките на Лајла Грејс“ (2013), „Карма“ (2014) и „Асистола“ (2020).

Фото: Инстаграм/„Белешките на Лајла Грејс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот