
ФОТО+ВИДЕО | Ријана се опари од настапот на свадбата на синот на најбогатиот Индиец: Пејачката била платена 60.000 евра по минута
Познатата пејачка Ријана беше ангажирана да настапи на церемонијата пред свадбата на синот на најбогатиот Индиец.
Препорачано
Како што пишува „Дејли мејл“, Ријана за тоа била платена пет милиони долари.
she just don’t give a fuck ?? pic.twitter.com/cV5EqlEsiI
— ✯ (@crispypunxni) March 1, 2024
Прославата траела три дена и на неа присуствувале голем број влијателни личности од светот, политиката, музиката, актерството, а Ријана била гостинка на една од вечерите. Според натамошните извештаи, оваа прослава чинела околу 120 милиони долари, со дополнителни трошоци за гостите кои изнесуваат околу 20 милиони долари.
Ријана отпеала 19 песни и наводно била платена околу 60.000 евра по минута.
Како што објавија странските медиуми, на венчавката како гости се појавиле и Марк Закерберг и Иванка Трамп со сопружниците.

Инаку, многумина не се изненадени од тоа што Ријана настапи на венчавката на синот на милијардерот, бидејќи тој во 2018 година ѝ платил на Бијонсе да настапи на роденденот на неговата ќерка, па настапот на Ријана и издвоените пари не се ништо за семејството Амбани.

Таткото на младоженецот е индискиот милијардер Мукеш Амбани, чие богатство се проценува на 110 милијарди долари. Инаку, тој е најбогатиот човек во Азија и 11-та најбогата личност во светот.
Најбогатиот Индиец ги носи Ријана и над илјада гости на предсвадбена забава за својот син